(ВИДЕО) Трамп до медиумите: Не носам заштитна маска за да не ви правам задоволство вам

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп посетувајќи ја фабриката на гигантот Форд во Мичиген кој е задолжен за време на пандемиајта да произведува респиратори и заштитни маски даде невообичаен одговор на прашање од новинар.

Запрашан од новинарот зошто не носи заштитна маска иако сите во просторијата носат поради лична заштита, претседателот Трамп рече: „Маската е со мене, ја носев претходно, но не сакам да им правам задоволство на медиумите да ме видат како ја носам“.

Претседателот додаде дека тој заедно со неговата „екипа“ утрото биле тестирани од вирусот и резултатот е негативен.

Пред медиумите тој ја покажа својата маска и рече дека многу ја сака, но дека нема да ја користи во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп