Македонски полициски синдикат за наградата од Чулев: Сумата е потценувачка и омаловажувачка

Од:

Македонскиот полициски синдикат бара од министерот за внатрешни работи да најде начин за да обезбеди парични средства за исплата на награда од најмалку 25.000 денари за сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението испратено до јавноста, Синдикатот посочува дека повеќепати досега побарале од министерот поради посебен придонес во борбата со КОВИД-19 на сите вработени во МВР да им биде исплатена награда во висина од најмалку една просечна плата, но оти во ребалансот на буџетот не се обезбедени средства за оваа намена.

– За нас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата сумата од 15.000 денари е потценувачка и омаловажувачка поради што од министерот бараме под итно да изнајде начин и парични средства и на сите вработени во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000 денари. Македонскиот полициски синдикат се надева и на јавна поддршка на ваквото наше барање од причини што сите граѓани на Република Северна Македонија се свесни за жртвата и посветеноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи во насока на зачувување на здравјето, имотот на граѓаните и јавниот ред и мир во овој период на владеење на светска пандемија од вирусот КОВИД-19, се наведува во соопштението.

Синдикатот апелира до сите вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансова полиција да продолжат со посветеното и пожртвувано извршување на службените задачи, а, како што велат, на синдикатот да ја остават борбата за сите нивни права од работен однос.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он