„Кругови“ на Срѓан Голубовиќ ќе го отвори Скопскиот филмски фестивал

Од:

Српскиот филм „Кругови“ на режисерот Срѓан Голубовиќ, на 19 април (петок) во 20 часот во киното Милениум ќе го отвори 16-то издание на Скопскиот филмски фестивал .

Филмот „Кругови“ се развива како триптих, истражувајќи го моралното двојство и комплексна приказна чии насоки произлегуваат од еден кобен миг. Дејството се фокусира на ликот на Марко, српски војник на отсуство за време на војната, се враќа во својот роден босански град. Кога тројца негови соборци му приоѓаат на Харис, муслимански продавач, Марко интервенира, но тоа го чини живот.

Дванаесет години подоцна војната е завршена, но раните остануваат отворени. Таткото на Марко ја обновува црквата кога Богдан, син на еден од убијците на Марко, се појавува во потрага по работа.

Во меѓувреме, во Белград, пријател на Марко и познат хирург се двоуми дали треба да оперира еден од неговите убијци. А во Германија, Харис, сега семеен човек, се стреми да го отплати својот долг кога пристигнува вдовицата на Марко, барајќи засолниште.

Низ повеќеслојна, но едноставна структура Срѓан Голубовиќ ги отвора темите на одмаздата, откупот и помирувањето.

Светската премиера на „Кругови“ беше на Санденс фестивалот во 2013 година, каде што ја доби специјалната награда на жирито. „Кругови“ се закити и со наградата на Берлинале (Екуменско жири) и наградата од публиката на Софискиот интернационален филски фестивал.

Голубовиќ е еден од најафирмираните автори од поновата генерација во српската кинематографија. Неговиот претходен филм „Стапица“ влезе во потесниот круг на кандидати за наградата Оскар во категоријата филмови од неанглиско говорно подрачје.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање