Петроска: Ако Мицкоски не бил во теретаната, ќе биде благодарен за целосната истрага наместо да се заканува

Од:

Дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска, тврди дека имало разговор помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дополнителниот помошник-министер во Одделот за внатрешна контрола за неговата посета на теретаната, за што, тече интерна истрага во рамки на министерството. Таа вели дека за содржината на разговорот, треба да каже Мицкоски. Петровска вели дека во време на дигитална форензика, нема да дозволи истрага врз основа на изјави за шкафчиња со вратички или без вратички.

„ВМРО-ДПМНЕ се уште живее во стар лош филм. Времето кога се снимаа телефонските разговори на вработените во министерството, а богами и на министри, директори, пратеници, опозиција, граѓаните е завршено. Опремата ја уништивте мислејќи дека ќе ги избришете доказите. Ама не можете да ги избришете трагите на режимот во кој владеете и затоа не се обидувајте со лаги да го оправдате отсјајот. Разговор имало, а за содржината прашајте го Мицковски. Јас барам да се спроведе законот и затоа барам целосна и темелна истрага која во 21 век и во време на дигитална форензика нема да се сведе на изјави за тоа кога се наместени шкафчињата со вратички или без вратички. Ако Мицковски навистина не бил во теретана во време на пандемија, ќе ми биде благодарен што поддржувам целосна истрага и наместо да се заканува ќе му биде благодарен на дополнителниот помошник што побара вештачење на снимките“, пишува Петровска.

Таа побара да се остават вработените во МВР да го спроведуваат законот, а пак, тие кои грешат да признаат и да се извинат, наместо, како што вели, да измислуваат изговори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации