Дваесет лица се пренесени во болница во Германија, бидејќи јаделе сендвичи во кои што е пронајден отров за глувци, соопшти полицијата.
Се уште кај пацинетите не се забележани симптоми на труење, но тие се под надзор изјави полицискиот претставник, Франк Соика.
Сендвичи, заедно со порака биле оставени како подарок, пред влез на една фабрика за автоделови, во северозападниот град Штајнфелд.
Кога веќе се послужиле со нив, некој од вработените случајно забележал дека во сендвичите има необична супстанца.
Соика истакна дека берлинската лабораторија потврдила дека супстанцијата е отров.
-Не веруваме дека употребената количина отвор е смртноносна, но можно е да се предизвикаат сериозни проблеми-изјави тој.
Полицијата се уште не знае кој можел да ги остави сендвичите и зошто.
Елена Георгиевска