ЕП со критики за премиерот и Владата на Унгарија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата десничарска Влада денеска беа изложени на сериозни критики во Европскиот парламент во Стразбур.
Критиките се однесуваат на новите „контроверзни“ уставни реформи кои според европратениците ги „кршат фундаменталните слободи и правната држава во Унгарија“.
Европската комисија веќе отвори процедура за кршење на прописи и права на ЕУ.

Кон средината на јуни треба да биде објавено мислењето на Венецијанската комисија на Советот на Европа за уставните реформи во Унгарија, а се очекува Европарламентот да усвои резолуција за фундаменталните права во земјата.

Виктор Орбан синоќа беше дискретно примен од страна на групата на Европската народна партија (ЕПП) во Европарламентот, која досега повеќепати ги отфрлаше критиките на другите европратеници на сметка на унгарската Влада, со оценка дека недоманешната промена на унгарскиот Устав е „во согласност со европските вредности“.

За време на денешната расправа европратеникот Франк Енгел во името на ЕПП оцени дека Унгарија треба да се прилагоди на забелешките кои доаѓаат од ЕУ. Според него, постои ризик нападите врз Унгарија и партијата Фидес на Орбан, кај Унгарците да создадат впечаток дека Европа не е на нивната страна.

Како одговор на ова, лидерот на групата на европските социјалисти во Парламентот, Ханс Свобода оцени дека е време да се избере страната. Социјалистите и Зелените сметаат дека ЕПП му прогледува низ прсти на Орбан.

Лидерот на европските либерали Ги Верхофстад се заложи за примена на членот 7 од Договорот на ЕУ, кој дозволува суспендирање на земја-членка во случај на сериозно кршење на европските вредности.

Оваа можност според еврокомесарката за правда и човекови права Вивиен Рединг претставува „вистинска бомба“ и таа смета дека се потребни поефикасни инструменти за да се интервенира поефикасно во слуачи како со Унгарија.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта