Мубарак да се врати во затвор, нареди обвинителството

Од:

Египетскиот главен обвинител нареди поранешниот претседател Хосни Мубарак, кој подолго време беше задржан во воената болница во Каиро, да биде вратен во затворската ќелија, бидејќи неговата здравствена состојба сега е стабилна.

Мубарак, кој во мај ќе наврши 85 години, ќе биде префрлен во затворот Тора, во предградие на Каиро.
Неговиот нов процес за корупција и соучесништво во убиство на демонстранти ќе почне на 11 мај.

Многумина Египќани се разгневија откако Мубарак, кој на крајот на минатата година беше тешко болен, во саботата, на 13 април, изгледаше со добро здравје, насмеан и како и отпоздравува на публиката во судската сала, што предизвика повици да се врати во затворот.

Би можело да ве интересира

Мубарак погребан со воени и државни почести

А1он

Египет: Обвинителот го одобри ослободувањето на Хосни Мубарак

Наум Локоски

Одложено повторното судење на Мубарак

Емир Латифовиќ