Спасовски: Пожарникарите го ставаат сопствениот живот во заштита на животот и имотот на сите граѓани

Од:

По повод Денот на пожарникарството во Република Северна Македонија, премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук напиша дека ова е ден кога ја изразуваме нашата посебна и длабока благодарност за нивниот придонес за безбедноста на сите нас.

– Овој датум е утврден како ден во чест на пожарникарите на нашата земја во знак на сеќавање на првиот противпожарен одред формиран на овој ден во во 1836 година во Битола. Да бидеме постојано со мислата со нив затоа што секој нов ден пожарникарите го ставаат сопствениот живот во заштита на животот и имотот на сите наши граѓани и на нашата заедница. Да се сетиме дека нашите пожарникари беа во најголем број дел од тимовите од нашата земја што учествуваа во спасувачките акции заради земјотресот во Албанија минатата година и нивниот ангажман никогаш нема да биде заборавен како факт дека секогаш остануваме со подадена рака за поддршка и за нашите соседи, напиша на Фејсбук Спасовски.

Македонските пожарникари, како што истакнува премиерот, се олицетворение на стремежот на нашето општество во чија суштина е спасувањето, помагањето, пожртвованоста солидарноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

Прилеп ќе ги награди пожарникарите за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ