Ангеловска-Бежоска: Високото ниво на девизни резерви и здравиот банкарски систем овозможија соодветно да одговориме на корона кризата

Од:

Високото ниво на девизните резерви и здравиот банкарски систем ни овозможуваат соодветно да одговориме на предизвиците од корона-кризата, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во обраќање на годинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција, што го објави на својот Фејсбук профил.

– Клучно е што во изминатиот период создадовме соодветен монетарен простор што сега ни овозможува на предизвиците од корона-кризата да одговориме со соодветни мерки, согласно со надлежностите на централната банка. Тој простор пред сѐ се темели на нивото на девизните резерви, коешто значително порасна во изминатиот период, како резултат на подобрувањето на економските фундаменти и на надворешната позиција на македонската економија, како и на здравиот банкарски систем со солидна ликвидност и адекватна капитална позиција, што се резултат и на засилената регулаторна и супервизорска рамка на централната банка, истакнува гувернерката.

Ова меѓу другото го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на годинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција.

Би можело да ве интересира

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка