Христоски: Заштедуваме пола милион денари, а обезбедуваме подобро улично осветлување

Од:

Инвестицијата во ЛЕД осветлување на Крушево дава резултати и трошоците за оваа намена се намалени за над пола милион денари, велат од Општина Крушево.

Ако во 2017 година за оваа намена се плаќало над милион и 400 илјади денари сега тие трошоци по инсталацијата на ЛЕД сијалици се намалени за околу 550 илјади денари информираат од Општината.

„Во 2017-та се плаќало многу повеќе а граѓаните не добивале соодветна услуга. Денес граѓаните има каде да пријават проблем, веднаш добиваат одговор на нивното барање и осветлувањето е и поефтино и поефикасно со оглед на тоа дека се користат ЛЕД сијалици. Истовремено штедиме и даваме подобра услуга за граѓаните од цела општина“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Исто така, како што велат од Општина Крушево, во споредба со 2017 година трошоците за струја се намалени за 200 проценти со тоа што општината ги подмирува трошоците за струја на ОУ „Никола Карев“ и сите подрачни училишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари