Датоме: Обрадовиќ е како Мајкл Џордан

Од:

Италијанскиот кошаркар, Луиџи Датоме, зборуваше за неговата врска со тренерот Жељко Обрадовиќ, со кого соработува со години во Фенербахче.

Датоме разговараше за „Спортандо“ за неговата соработка со легендата на европската и светската кошарка, а тој го спореди Обрадовиќ со најдобриот кошаркар на сите времиња – Мајкл Џордан.

– Убаво е кога ве тренира Жељко Обрадовиќ. Тешко е да се работи со него, но е убаво и плодно. Тој е неверојатно страствен и искрен со играчите. Тој е нашиот Мајкл Џордан. Јас сум свесен за тежината на овие зборови, но тој е наш лидер. Како играч. вие прифаќате работи што веројатно не би ги направиле доколку беше во прашање друг тренер, објасни Датоме.

Италијанецот сè уште не одлучил дали ќе остане во Фенербахче по крајот на сезоната, или ќе ја смени околината.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ