Амбасадорот на Аргентина ја одби поканата за погребот на Маргарет Тачер

Од:

Амбасадорот на Аргентина во Лондон, Алисија Кастро ја одби поканата од британската Влада за присуство на црковната церемонија на погребот на поранешниот британски премиер Маргарет Тачер, што се одржува денеска во катедралата Сент Пол.

Неприфаќањето на поканата доаѓа по одлуката да нема службена покана за погребот за претседателката на Аргентина Кристина Кирхнер, како и за било кој друг висок аргентински функционер.

Аргентина е единствената земја со која Велика Британија има дипломатски односи, а која нема добиено покана за погребот, но таквото решение не е донесено во Вајтхол и од службениот британски протокол, туку на инсистирање на семејството на Тачер.

Во куса порака, веднаш по смртта на нивната мајка, Марк и Керол Тачер, синот и ќерката на поранешниот премиер, побараа да нема гости од Аргентина на погребот поради Фокландската војна за островите од пред 31 година.

„Мислам дека аргентинското присуство на погребот би било несоодветно“, напиша во пораката Марк Тачер.

Односите меѓу Велика Британија и Аргентина се на најниско ниво од времето на војната, по аргентинската инвазија на Островите, во пролета 1982 година, откако сегашната претседателка отпочна „вербална војна“ со Британците за суверенитетот на Фокландите. Таа тврди дека островите се аргентински и инситира на прегововори за суверенитетот, барајќи поддршка од латиноамериканските земји и од ОН.

На погребната церемонија во Лондон присуствуваат околу 2.300 гости од 170 земји. Претставник на Република Македонија на погребот е претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски