ЕП донесе нови правила за европските банки

Од:

Европскиот парламент го усвои ограничувањето на бонусот за банкарите, во рамките на новите правила наречени Базел 3, кои имаат за цел да извлечат поуки од финансиската криза. Овие правила, се резултат на компромисот постигнат меѓу ЕП и државите членки на ЕУ, беа усвоени со големо мнозинство, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Според усвоениот текст во Стразбур, премиите за банкарите повеќе не ќе можат да ја надминуваат нивната утврдена плата. Таа може да биде два пати поголема, под услов ако за тоа се согласат акционерите, со 66 отсто од акционерите со право на глас или 75 отсто од гласовите ако е постигнат кворум.

Еден дел од променливото наградување на банкарите, кое ги охрабрува раковдителите на банките на долгорочен период, предвидува тоа да достигне до до 25 отсто од бонусот кој надминува сто отсто од платата, може да биде исплатен најмалку пет години подоцна. На ограничувањето на бонусот се спротистави Лондон и тој е само дел од повеќето мерки кои ЕУ ги предвидува да ги наметни на банкарскиот сектор во периодот на актуелната криза.

За да банките бидат подобро подготвени да се соочат со идните кризи, тие треба да имаат најмалку осум отсто од нивниот капитал во добри бонови. Банките исто така треба да и доставуваат на Европската комисија извесен број на информации (финансиски резултати, платен данок, добиени субвенции и број на варботени) ова за да има поголема транспарентност во нивната работа.

Банките треба да предвидат повеќе пари за олеснување на финансирањето на реалната економија, посебно позјамиците за малите претпријатија. Новите правила за банките ќе влезат на сила во 2014 година и тие ќе важат за 8300 банки кои финансираат 75 проценти од економијата на европската територија.

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил