Црногорските министерства за внатрешни работи и за правда планираат формирање специјално Одделение за борба против организираниот криминал, по примерот на хрватски УСКОК, јави Танјуг.
Во соопштението се наведува дека двете владини институции оцениле дека е потребен тим за разбивање на криминални групи во Црна Гора.
Шефовите на двете министерства сметаат дека формирањето на специјален тим, по примерот на хрватски УСКОК или српски СБПОК е многу важно за решавање на проблемите, особено на црногорското крајбрежје каде безбедносната состојба во голема мера може да влијае на терористичката сезона.