Дигитална промоција на драмските текстови на Миа Николоска

Од:

Дигитална видео промоција на е-книгата со драмски текстови на авторката Миа Николоска ќе се одржи од денеска до 20 мај, во издание на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА.

– Миа Николоска има 19 години, таа е студент на Одделот за драматургија, драмско пишување и сценаристика на ФДУ Скопје. Миа развива своевидна Драматургија на мирис и одор – драматика на миризливото и смрдливото. Таа поседува извонреден талент и луцидност за создавање контекстуални нови термини, кованици и неологизми – додадена вредност кај драмските автори. (вели уредичката и промотер д-р Иванка Апостолова Баскар), наведуваат во соопштението.

Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, како што појасни, го поддржува и истакнува развојот и уметноста на современата домашна женска драматургија и драматика; со меѓународна дигитална промоција и дистрибуција, а ги поддржува и авторките и авторите на современата домашна младинска и возрасна драмска уметност.

Покровител на настанот е Министерството за култура, концепт и сценариото е на Иванка Апостолова Баскар, видео камера: Миа Николоска (авторка).

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“