Во рамки на третиот пакет економски мерки од КОВИД-програмата, 405 милиони денари се наменети за Министерството за образование. Ресорниот министер Арбер Адеми на својот Фејсбук-профил објави дека средствата ќе бидат поддршка за учениците, студентите и младите.
– Ваучери од 6.000 денари се наменети за студенти кои потекнуваат од семејства со ниски приходи за покривање на партиципацијата за студирање, сместување во домови, приватно сместување итн. Ваучери до 30.000 денари се за кофинансирана обуки и академии, за информатика и дигитални вештини и ваучери од 3.000 денари по студент што може да се користи за услужни активности според кодот на активноста, напиша Адеми за поддршката од новиот пакет мерки за ублажување на последиците од пандемијата кои ги донесе Владата и денеска ги соопшти премиерот Оливер Спасовски.