ВИДЕО: Со ребалансот Буџетот за годинава 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП

Од:

Вкупните расходи, со ребалансот на Буџетот за, годинава, што го донесе Владта вчера на седница, е 3,95 милијарди евра и е за 1,4 отсто поголем во однос на иницијалниот буџет за годинава, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска денеска на прес-конференција.

Приходите, како што рече, со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари (414,6 милиони евра) во однос на планот.

Дефицитот е позициониран на 6,8 отсто од БДП, што, како што рече, е во линија на проекциите на Европската комисија.

Ребаланс е за опоравување и рестарт на економијата во услови на Ковид-19, целта е реално да се прикажат очекувањата како резултат на здравствениот и економски шок предизвикан од КОВИД, рече министерката.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година