Ештон: Изборите во Албанија се клучни

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон смета дека парламентарните избори кои ќе се одржат во Албанија на 23 јуни ќе бидат тест за демократијата.

-Изборите ќе бидат тест за функционалност на демократските институции и клучно е да бидат во рамките на европските и меѓународните стандарди – изјави Ештон по разговорите со официјалните лица на Албанија.

Ештон во Албанија допатува ден по спорното гласање во парламентот, на кое е исфрлен еден член од Централната изборна комисија, наспроти противењето на САД и ЕУ, пренесе Балканската истражувачка мрежа (БИРН), според која иако поминаа две децении од падот на албанскиот комунистички режим, ниту едни избори во Албанија од тогаш не ги исполнувале меѓународните стандарди.

Високата претставничка, Ештон во Албанија разговараше со претседателот Бујар Нишаниј, премиерот Сали Бериша и лидерот на опозицијата Едиј Рам.

По состаноците таа јасно го пренесе ставот на ЕУ дека сите политичари имаат одговорност да им обезбедат независност на институциите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски