Вонредни мерки за безбедност ќе бидат спроведени за претстојниот маратон во Лондон, но традиционалното пролетни натпреварување низ улиците на британскиот главен град, нема да биде откажано-соопшти денеска министерот за спорт Хју Робертсон.
Лондон има исклучително големо искуство во организирањето на големи спортски натореварувања, а Велика Британија располага со најдобрите безбедносни професионалци во светот-рече министерот Робертсон во својата изјава за Би-Би-Си.
Тој остро ги осуди двата бомбашки напади во Бостон, за време на тамошниот маратон, во кои засега е потврдејна смртта на три лица. Според амерканската полиција, најмалку сто лица се потешко и полесно повредени во ексползиите што се случија во непосредна близина линијата на целта од трката.
Според британскиот министер, најдобриот начин за да се покаже солидарноста со Бостон е одржувањето на лондонскиот маратон, предвиден за во недела.
Британскиот минстер за внатрешни работи Тереза Меј, оддржа состанок со заменик комесарит на Скотланд Јард Кресида Дик и со директорот на контраразузнавачката агенција МИ5 Џонатан Еванс, но во Лондон е соопшетно дека нема да се состане специјалниот комитет КОБРА кој се собрира при вонередни ситуации.