Иранските власти денеска на југот на Иран обесија седум лица осудени за оружен грабеж, убиство и силување. Четири лица се јавно обесени, а три се погубени во затворот во градот Сираз.
Смртната казна во Иран се пресудува за убиство, силување, оружен грабеж, киднапирање и трговија со дрога.
Меѓународните организации за човекови права го критикуваат Иран поради се поголемиот број бесења кои често се јавни.