(ВИДЕО) Сотирова: Извршен е надзор на Клиниката за нефрологија, нема забелешки

Од:

Извршен е надзор, но не се пронајдени никакви забелешки во однос на информацијата дека наводно се препродавале медицинските ракавици од Клиниката за нефрологија, истакна денеска претседателката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова.

– ДСЗИ веднаш истиот ден излезе на терен и направи вонреден инспекциски надзор на Клиниката за нефрологија. Од областа на законите кои ги инспекторира ДСЗИ нема никакви забелешки, истакна Сотирова на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Таа додаде дека во моментот кога ДСЗИ отишол на Клиниката, таму менаџментот односно директорката веќе имала формирано пописна комисија и бил во тек вонреден попис на сите донирани или од Министертсвото за здравство повлечени средства за лична заштитна опрема.

Во врска со овој случај, како што посочи Сотирова, веќе е активно влезен и секторот од МВР, кој ќе продолжи и до крај ќе ја истражи постапката.

Би можело да ве интересира

ДСЗИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски, работеше со необновена лиценца

А1он

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски