„Современи бајки од Македонија“ – нов проект на Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс ламина“

Од:

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс ламина“ најавува нов проект – „Современи бајки од Македонија“ со кој ќе се збогати фондот на литература за деца од современи автори. Во следниот период ќе биде објавен и конкурс на кој ќе можат да учествуваат сите писатели што сакаат да креираат современи бајки наменети за најмладите.

Претходните изданија, „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ беа инспирирани од македонското народно творештво, адаптирано на нов современ стил со автентични авторски илустрации, им го доближија народното творештво на младите читатели и станаа омилено четиво на новите генерации.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, во спомен и чест на Иво Лауренчиќ веќе седма година иницира и реализира проекти со што ја поттикнува креативноста, создавајќи нови автентични дела со трајни вредности.

– Поддршката на креативците е нашата основна мисија и навистина сме горди што во изминатиот период во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, реализиравме навистина успешни проекти. Но, уште поголемо задоволство ни преставува фактот што со нашата поддршка им дадовме можност на млади креативни авотори, кои денес се веќе признати професионалци во својата област. Креативноста останува наша инспирација, а и понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме сите форми на убавото и креативното во земјава, покрај веќе добро познатата поддршка за визуелната креативност, која и понатаму ќе ја поттикнуваме, истакна Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ имаше неколку изданија, преведена е на неколку светски јазици, а отпечатено е и издание со Брајово писмо. Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ го поддржа и издавањето на авторската бајка за деца „Мистериозното јајце“ на авторот Оливер Коларевски, како и изданијата „Басни од Македонија“ и „Бајки од Македонија за цела година“.

Покрај овие проекти, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ го реализираше и проектот „Слатко од Македонија“ во чии рамки млади дизајнери изработија целосно нов дизајн за слатката на компанијата „Јоми фоод“ од Велес.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска