СДСМ: Исплашени од извесниот пораз ВМРО-ДПМНЕ забегаа со лажните вести, Мицкоски нема да се спаси од соочување со граѓаните

Од:

„Очигледен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од тотален пораз на парламентарните избори кои следат. И повеќе од очигледни и прочитани се сите нивни обиди на изнаоѓање на начини на манипулација на граѓаните преку лажни вести и соопштенија.

Очајот во ВМРО-ДПМНЕ е толку голем што оваа партија буквално забега со лажните вести и конструирани сценарија“, велат од СДСМ.

„Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ лажните вести да ги темелат на дезинформации и шпекулации, но овој пат отидоа чекор понатаму што лагите ги темелат на сведоштва како оние на Мицкоски, се видов не се видов, го „поткрепам“ па не „поткрепам“ Договорот.

Ноторна лага е дека против претседателот Зоран Заев се води каква било истрага надвор од државата, ВМРО-ДПМНЕ безобразно лаже.

Граѓаните никогаш нема да го заборават режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ базирано на лаги и конфликти, нема да го заборават деструктивното однесување на Мицкоски во време на криза и оттука е стравот на оваа партија од пораз на изборите кога и да се случат и оттука поривот секојдневно да пласираат лажни вести.

Колку и да се обидуваат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да се спасат од соочување со граѓаните и извесниот изборен пораз што ги чека“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on