Универзитетот во Тетово со отворени денови на интернет

Од:

Универзитетот во Тетово во наредните три дена за матурантите ќе организира отворени денови на интернет поради состојбата со коронавирусот. Од 13 до 15 мај во периодот од 12 до 15 часот заинтересираните ќе можат преку интернет-страницата на Универзитетот да се комуницираат со професорите и административниот кадар. На нивните прашања ќе биде одговорено во истото време.

– Потребно е да се отвори веб-страницата на универзитетот: www.unite.edu.mk. Се избира факултетот на кој сака матурантот да студира. Треба да се кликне/притисне на опцијата: Комуницирајте со персоналот. Кога ќе се отвори апликацијата, се кликнува/притиска на: Побарајте да се придружите – ја објаснуваат процедурата од Универзитетот.

Поврзувањето од лаптоп или компјутер може да се направи без е-пошта, додека од мобилен телефон е потребно да се инсталира апликацијата MEET.

-Во презентацијата на факултетите преку интернет може да се комуницира и тонски за специфични прашања во врска со студиите (микрофонот се вклучува само кога треба да се разговара), со пишување во чет-от. Можете да посетат повеќе факултети во текот на следниот ден или денови, објаснуваат од Универзитетот.

Универзитетот нуди 50 студиски програми на 13 факултети со околу четири илјади слободни места.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование