Наваро: Потребен е нов закон за да се казни Кина

Од:

Питер Наваро, советник за трговија на американскиот претседател, Трамп, укажа дека Пекинг треба наскоро да биде казнет за улогата во пандемијата на коронавирус со „нов закон за Кина“ .

Наваро не укажа за каква казна станува збор, но се претпоставува дека се работи за воведување нови увозни царини или укинување на веќе договорената „прва фаза“ од трговскиот договор меѓу Вашингтон и Пекинг што стапи во сила во фебруари.

-Тие нанесоа огромна штета на целиот свет и штетата се уште се одвива. Моравме да издејствуваме 10 билиони долари за борба во оваа битка, изјави Наваро за Ен-би-си.

Трговските преговори меѓу САД и Кина беа прекинати поради ширењето на Ковид-19, но со пандемијата, тие се искомплицираа и претседателот Доналд Трамп сеуште решава како да одговори.

Тој смета дека вирусот бил предизвикан по „грешка“ на Кина, додека научниците и разузнавачката заедница на САД сметаат дека тој се појавил по природен пат.

-Се уште немам одлучено, изјави Трамп откако во интервју за Фокс њуз беше прашан дали ќе се повлече од трговскиот договор со Кина.

Според првата фаза од договорот, Кина е обврзана да ги зголеми порачките на американска стока, вклучително и земјоделски производи, до 200 милијарди долари за две години.

Преговорите се обновија мината недела откако министерот за финансии Стивен Мнучин и трговскиот претставник Роберт Лајтхајзер разговараа со вицепремиерот на Кина, Лиу Хе.

Во меѓувреме поради пандемијата, односите меѓу двете супер сили се заострија, едната обвинувајќи ја другата за ширење на болеста

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот