Градоначалникот на Вашингтон Винсент Греј изјави дека нема информации оти американскиот главен град може да биде цел на напади, по бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.
Греј рече дека ситуацијата внимателно се следи и постојат планови за реагирање ако се случи каков било напад.
Полицијата во Вашингтон засили патроли во метро станиците додека сообраќајот на Пенсилванија авенија пред Белата куќа целосно е запрен.