Новиот ирачки премиер нареди ослободување на уапсените демонстранти

Од:

Ирачките судски власти денеска наредија ослободување од затвор на антивладините демонстранти, извршувајќи една од првите одлуки на новиот премиер Мустафа Ал-Кадими.

Во исто време, десетици демонстранти денеска запалија гуми на обновените демонстрации против новото ирачко раководство.

Ал-Кадими денеска го назначи генералот Абдул Вахаб Ал-Сади, кој одигра клучна улога во воените операции против екстремистите на Исламска држава, на чело на елитната Служба за борба против тероризмот.

Ирак во моментов се соочува со зголемување на бројот на напади на Исламска држава во северниот дел на земјата.

Поранешниот ирачки премиер Адел Абдул-Махди во септември го смени генералот Ал-Сади, што предизвика незадоволство кај граѓаните и протести во северниот дел на земјата и во Багдад.

Врховниот совет за правда денеска соопшти дека, на повик на премиерот Ал-Кадими, наредил ослободување на демонстрантите уапсени од почетокот на протестите на 1 октомври 2019 година.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак