Египетскиот суд нареди да биде ослободен соборениот претседател Хосни Мубарак до повторното судење за неговото учество во смртта на демонстрантите во 2011 година.
Но судот донесе одлука тој да остане во притвор, поради истрагата за корупција.
Египетската национална телевизија јави дека судот наредил Мубарак да биде ослободен, откако поминал максималниот рок за притвор од две години. Мубарак беше на власт три децении.