Советот на Општина Кичево денеска ја одржа втората седница на која се дискутираше и се донесе одлука за укинување на трезорските сметки на Општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица и одлука за преземање на вработените и целокупното работење на овие општини, кои се припоија кон општина Кичево.
Општината може да се соочи со проблем при систематизацијата на вработените од другите општини, каков што е слуајот со ЈП „Комуналец“, кој сега има четворица директори, кои ја вршеа својата работа во припените општи ни.
Претседателот на Советот на Општината, Ќамил Алиу, беше оптимист и кажа дека ќе се најде доволно простор за сите вработени во претходните општини и дека со деталите во врска со ова ќе се занимаваат на наредните седници.