Јавниот превоз утре ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени, автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот. Сите возила ќе сообраќаат по неделен возен ред.
– Пример, согласно неделен возен ред, линијата 15 (Ново Лисиче-Карпош 4) почнува да сообраќа од 6:38 часот, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 8:03 часот (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12:45 (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 13:45, 14:55, 16:15 и 17:40 часот (последен наведен термин во прилогот пред 19 часот), соопшти Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП.
Дежурни од 7:30 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).