Зборот „Благодарам“ беше напишан на Бранденбуршката порта во Берлин. Светлосното шоу беше во чест на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Благодарам“ беше напишано со светлосни зраци i на француски, англиски и руски јазик во чест на годишнината од победата во Втората светска војна.
Капитулацијата на хитлерска Германија стапи во сила доцна, во вечерните часови, на 8 мај 1945 година.
„Со синоќешната проекција, Берлин испраќа знак на благодарност до сојузниците за ослободување од националсоцијализамот“, соопшти културниот центар што го организираше настанот.