Ахмадинеџад: На Иран не му треба од атомска бомба

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска застана во одбрана на контроверзната нуклеарна програма на Техеран, нагласувајќи дека Иран не се обидува да произведе атомска бомба.

Тој во својот говор на Бенинскиот универзитет истакна дека атомската енергија е како „божји дар“, кој обезбедува струја по поволна цена.

Западот го обвинува Иран дека неговата нуклеарна програма има воени цели.

Ахмадинеџад синоќа пристигна во Бенин, кој е првата етапа од неговата турнеја низ Западна Африка. Попладнево тој ќе го посети Нигер, еден од најголемите производители на ураниум во светот. Турнејата на иранскиот лидер завршува утре со посета на Гана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски