Путин: Некои се обидуваат на Русија да и наметнат чувство на вина за Втората светска војна

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин верува дека некои луѓе се обидуваат да и наметнат на Русија лажно чувство на вина, тврдејќи дека Советскиот сојуз наводно бил одговорен за избувнувањето на Втората светска војна.

– Желбата да се префрли одговорноста на некого, да се стават Советскиот Сојуз и нацистичка Германија во иста корпа, секако е проектирана за денес и утре за да се натера Русија да чувствува дека треба да се извини за нешто, да нè стави во лажна позиција во која луѓето треба да чувствуваат вина, изјави Путин во интервјуто за филмот на Андреј Кондрашов „Војна за паметење“ на ТВ каналот Росија-1.

Претседателот на Русија рече дека не може да им прости на оние што се обидоа повторно да ја испишат историјата и да ја префрлат вината за Втората светска војна на Советскиот Сојуз, јави ТАСС.

– Ние немаме никаква вина и не можеме да ја имаме, категоричен е Путин.

– Советскиот сојуз донесе 27 милиони животи на олтарот на победата. Од таа причина, на оние што се обидуваат да ја преработат историјата не може да им се прости, рече рускиот лидер.

Тој истакна дека постои ризик од пораст на нацизмот, но дека тоа нема врска со обидите за повторно пишување на историјата.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп