Штајнмаер повика на поголема соработка во светот, како во 1945 година

Од:

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер ја повика меѓународната заедница да ја научи лекцијата од крајот на Втората светска војна и да „оди кон поголема, а не помала соработка“ во борба со пандемијата на новиот коронавирус.

-Не треба да прифатиме дека мирот воспоставен во 1945 година исчезнува во форма на чад пред нашите очи. Ние сакаме повеќе, а не помалку соработка во светот, вклучително и во борбата против пандемијата, истакна Штајнмаер во говорот во Берлин по повод 75- годишнината од крајот на Втората светска војна.

Штајнмаер во својот говор ги повика сите сонародници да гледаат на 8 мај 1945 година како ден на благодарноста, а не горчина поради поразот.

– Да, ние другите Германци денеска може да кажеме дека Денот на ослободувањето е ден на благодарноста. И ни беа потребни три генерации да можеме да го кажеме тоа со полно срце, изјави Штајнмаер.

Во својот говор, Штајнмаер го спомена говорот на еден од неговите претходници, Рихард фон Вајцекер, кој остана забележан во историјата.

На 40-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, Вајцекер првпат проговори за „денот на ослободувањето“, исто така, за Германија, што во тоа време претставуваше раскин со дотогаш распространетата перцепција за пораз на земјата.

Користејќи го терминот „благодарност“ овој пат, Германија презема дополнителен чекор во работата на својата меморија во време кога екстремната десница ја доведува во прашање културата на германското каење за нацистичките злосторства, што е столб на националната реконструкција по војната.

Штајнмаер говореше на мала церемонија на која тој, канцеларката Ангела Меркел, шефовите на парламентот и Врховниот суд положија венец во меморијалниот центар за жртвите на војната и насилството во Берлин, за да ја одбележат 75-годишнината од завршетокот на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Штајнмаер: Бенедикт Шеснаесетти беше посредник меѓу религиите

Штајнмаер до албанските пратеници: Вашето срце чука за Европа, работете заедно успехот ќе дојде

А1он

Штајнмајер: Целата ЕУ има итен интерес за нормализација на односите меѓу Србија и Косово

А1он

(ВИДЕО) Пендаровски-Штајнмајер: Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен политички и економски партнер

Катерина Ѓуровски

Штајнмаер и Зеленски ги надминале недоразбирањата околу посетата на Киев

А1он

Штајнмаер повторно избран за претседател на Германија