Од НСДП преку соопштение реагираат на прославата на Денот на полицијата и верскиот собир во Струга.
„Последните настани поврзани со организирањето на прослава за Денот на полицијаците и масовниот верски настан во Струга зборуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во духот „колку полошо за државата, толку подобро за партијата“, преку својот министер за внатрешни работи се обидуваат и по цена на здравјето на граѓаните да креираат атмосфера која ќе доведе до дополнително продолжување на вонредната состојба, а со тоа и на можниот термин за одржувањето на предвремените парламентарни избори.
Создавањето во јавноста на атмосфера на игнорирање и непочитување на препоракитe на Владата за сузбивање на коронавирусот, во ситуација кога истите несомнено покажаа резулат, од страна на припадници на министерство кое е под директна контрола на Христијан Мицкоски, ја разоткрива подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да го жртвува и здравјето на граѓаните ако тоа може да значи максимално можно пролонгирање на денот на својот изборен пораз.
НСДП сака само да го потсети раководството на ВМРО-ДПМНЕ на пораката која до пред извесно време ја испраќаа до своите сопартијци – „со секој поминат ден со оваа власт Македонија ја има сѐ помалку?“
Дали Мицкоски останува на оваа порака или пак во меѓувреме го промени мислењето?“, пишува во соопштението на НСДП.