Црна Гора ги заврши преговорите по 26 поглавие со Европската унија. Тоа е второ поглавие за кое Подгорица ги заврши преговорите со ЕУ.
Дваесет и шестото поглавие се однесува на образованието и културата. Во декември ЕУ и Црна Гора ги завршија преговорите за поглавието што се однесува на науката и научните истражувања.
Вкупно има 35 поглавија, а секое одговара на конкретна политчка област (транспорт, енергетика, економска и монетарна политика, земјоделство, риболов, фискална политика, права) и има за цел да гарантираат дека националното законодавтсво на земјата кандидат е во согласност со европското право.
Црна Гора е кандидат за членство во ЕУ од 2010 година, а во јуни минатата година и беше одобрено да ги отпочне преговорите.