Концерт по повод Денот на Европа во организација на СЕП

Од:

По повод Денот на Европа 9 Мај, Секретаријатот за Европски прашања вечерва организира мини концерт на кој ќе настапат БРАС квинтетот на Филхармонијата и Градскиот дувачки оркестар, на плоштадот „Мајка Тереза“ во 20 часот.

На настанот, покрај вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава за членство во ЕУ, Бујар Османи, свое обраќање ќе има и амбасадорката на земјата – претседавач со ЕУ, Хрватска Нивес Тигањ, како и присуство на други дипломатски претставници.

– Деветти мај, денот на победата над фашизмот воедно е и Ден на Европа и Европската Унија, со што претставува и еден од најважните денови, патрон на Секретаријатот за европски прашања. Оваа година, Република Северна Македонија за прв пат го одбележува Денот на Европа како земја – преговарач, т.е. земја за која Европската Унија донесе одлука за почеток на преговорите, стои во соопштението на СЕП.

Со оглед на мерките за ограничена социјализација и собирање во групи, настанот ќе се одржи без публика, но соодветно ќе биде пренесуван на социјалните мрежи и Фејсбук каналите на СЕП.

Би можело да ве интересира

Во парк шумата Гази Баба се прославува Денот на Европа

Ана Ололовска

Прославете го Денот на Европа со пикник исполнет со забава во паркот Гази Баба под слоганот „Иднината не поврзува!“

Ана Ололовска

Со промоција на нова ТВ емисија, концерти, изложби, пикник и младински активизам Делегацијата на ЕУ ќе го одбележи Денот на Европа 2023

Ана Ололовска

Пендаровски: Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа

Катерина Ѓуровски

Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ден на Европа: Пред ГОБ „8 Септември“ се кренаа знамињата на земјава и на ЕУ, едноминутен молк за жртвите од Ковид-19

А1он