Бишев: Банкарскиот сектор во Македонија стабилен и ликвиден

Од:

Банкарскиот систем во Република Македонија навистина е стабилен и ликвиден и може да врши кредитна поддршка на економијата. Каматите се едни од најниските, а нефункционалните кредити имаат пораст кој е занемарлив.

Ова го оцени денеска директорот на Стопанска банка Глигор Бишев кој одржа предавање пред студентите на Економскиот факултет во Скопје, кој потенцира дека за постоењето на висока финансиска стабилност постои консензус, но оти тоа не треба да не задоволува и дека треба да се одржува и да се подигнува на повисоко ниво.

Според него, солвентноста на капиталот е висока и заемите во однос на депозитите во Македонија се некаде 86 проценти.

– Македонија и Албанија се единствените земји што ја имаат таа предност во регионот. Сите останати Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска и Романија имаат сооднос на заемите спрема депозитите над 100 проценти, што значи дека во тие земји без дополнителен прилив на странски капитал не е можно да се зголеми кредитната поддршка на стопанството, а такво ограничување во Македонија банките немаат, изјави Бишев.

Тој посочи дека постоењето финансиска стабилност како предност Македонија треба да ја искористи, особено во овие тешки времиња кога во периферните земји од ЕУ се случуваат се уште финансиски потреси.

Посочувајќи дека порастот на нефункционалните кредити е занемарлив, наведе дека во Бугарија во 2012 година во однос на 2008 година лошите пласмани се зголемени за седум пати и имаат процент од 17,5, во Хрватска се зголемени за 10 пати, а во Македонија се зголемени од 7,5 на 10,5 отсто, значи не повеќе од 50 проценти.

За каматните стапки потенцира дека се едни од најниските маргини 3,5 отсто, што, според него, значи дека натамошно намалување на активните каматни стапки не е можно без намалување на пасивните каматни стапки. За мерката на НБРМ за ослободување на банките во хипотеките рече дека станува збор за пазарна мерка, во согласност со меѓународните финансиски стандарди, која повеќе се однесува на големи капацитети, отколку на станови и деловни простори.

Посочува дека сепак треба да се види во пракса дали во турбулентно време особено кај недвижностите и капацитети од голем обем ќе има инвеститори. – Се надевам дека кризата брзо ќе заврши и нема да има потреба да се прологираат продавањето на овие капацитети, рече Бишев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница