СДСМ: Во Струга, Чулев дозволи масовен собир со што ги изложи граѓаните на ризик од коринавирусот

Од:

„Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ е одговорен за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настанот во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје и токму затоа мора да поднесе оставка.

Вчерашниот ден беше еклатантен пример дека Наќе Отсјај нема капацитет, а ниту волја да работи во интерес на граѓаните.

Во Струга, техничкиот министер на ВМРО ДПМНЕ дозволи масовен собир со што ги изложи граѓаните на ризик од коринавирусот и создаде паника кај сите граѓани во државата“, велат од СДСМ.

„Јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ центарот на Струга, а полицијата беше пристутна на настанот и воопшто не реагираше.

Наместо да предупреди и да спречи масовен собир во услови на опасна здравствена пандемија, полицијата иако присутна на настанот, не само што не реагираше, туку немо го следеше прекршувањето на забраната.

Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните.

Запрепастува апсолутната негрижа на Наќе Чулев за здравјето на граѓаните. Тој вчера на Денот на македонската полиција, спротивно на препораките, организираше јавен собир, без запазување на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.

Дополнително, на јавно објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила.

На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и чадна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност и нивното здравје.

Очигледно на Наќе Отсјај поважно му е да снима скапи спотови, злоупотребувајќи ги ресурсите на полицијата, во кои демонстрира моќ и во кои нема место за граѓаните.

Наќе Чулев освен да го брани Христијан Мицкоски, не е способен за ништо друго и затоа мора да си поднесе оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари