Миланската оперска куќа Ла Скала поради пандемијата изгуби 23 милиони евра

Од:

Миланската оперска куќа Ла Скала досега изгуби 23 милиони евра поради пандемијата на новиот коронавирус и очекува сезоната да почне во септември.

– Поради пандемијата, откажани се 150 програми. За отворањето во септември се планира „Реквием“ на Верди, кој ќе биде посветен на настраданите и нивните семејства, изјави директорот на познатата оперска куќа Доминик Мејер.

Тој на директорското место дојде пред неколку месеци, по водењето на Виенската опера.

Новиот директор подготви план за обновување на активностите и вели дека сезоната ќе започне само кога ќе биде сигурно дека вработените и посетителите ќе бидат безбедни во однос на здравјето.

– Треба да бидеме реални. Подготвивме програма во случај да може да биде изведена, бидејќи е можно растојание во продавница или ресторан, но тешко е во сала со 2.000 посетители и 350 вработени, рече Мејер.

Тој истакна дека Ла Скала веќе изгубила 23 милиони евра поради откажани речиси 150 планирани програми, но се надева на подобрување на состојбата.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје