Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат до 30 август

Од:

Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат не порано од 9 август, но не подоцна од 30 август годинава, соопшти претседателот на Централната изборна комисија, Лидија Ермошина.

– За претседателската кампања се предвидени три месеци, така што нараниот датум е 9 август. Крајниот рок е 30 август, посочи таа.

Ермошина појасни дека дека Парламентот на Белорусија на вонредна седница утре ќе го одреди датумот за избори.

Таа, уште рече дека не гледа причина за одложување на претседателската кампања. – Изборите можат да бидат одложени во случај на вонредна состојба.

Сигурни сме дека такво нешто нема да се случи, вели шефицата на ЦИК.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад