Одгледувањето мак, од кој се прави опиум, ќе биде зголемено трета година по ред и веројатно ќе биде на рекордно ниво, соопштија денеска ОН.
Во извештај тие наведуваат дека одгледувањето мак драстично е зголемено во јужните делови од територијата контролирана од талибанци, а особено во региони од кои коалициските сили се повлекоа или се подготвуваат да си заминат.
Зголеменото производство е поттикнато од необично високите цени на опипум, се вели во извештајот на ОН.
Лани во Авганистан се произведени околу 75 отсто од целата количина на опиум во светот, а оваа година може да биде до 90 отсто заради зголеменото производство.