Иван Петровски, долгогодишен вработен во „Фершпед“, е новиот претседател на Управниот одбор на компанијата. Петровски доаѓа на првата позиција на компанијата, откако на крајот на март неа ја напушти Штерјо Наков, објави Плусинфо.
Во информацијата на „Фершпед“ објавена на веб-сајтот на Македонска берза, стои дека покрај Петровски во Управниот одбор, акционерите ги избрале и Драган Наков, еден од синовите на поранешниот директор, потоа Зоран Арнаутов, Цаца Зикова, Зоран Тодоровски и Александар Илијевски.
Новиот директор Иван Петровски поседува 0,11 проценти од компанијата, Драган Наков е сопственик на 11,83 проценти од капиталот, Зоран Арнаутов има 0,02 отсто сопствеништво во „Фершпед“, Зикова, 0,16 проценти, а Тодоровски 0,98 отсто.