Лидерот на најголемата опозициска политичка партија во Австрија, Партијата на слободата (ФПО) Хајнц Кристијан Штрахе побара одржување референдум за враќање на поранешната национална валута шилинг.
Во интервју за виенскиот дневен весник „Естерајх“ Штрахе прогнозира крах на еврото, а решение гледа само со враќање на националната валута.
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Австрија Рајнхолд Лопатка го критикуваше ваквото барање истакнувајќи дека еврото е цврста валута, како и дека инфлацијата во земјата е пониска со воведувањето на еврото.
Според него враќањето на шилингот ќе предизвика експлозија на невработеноста.
Лопатка, исто така, оцени дека еврокризата е надмината, укажувајќи дека моменталниот однос на еврото со доларот е најсилен од неговото воведување досега.