„Шума“ од Сашо Огненовски објавена на албански јазик

Од:

Објавена е поетската збирка „Шума“ на Сашо Огненовски на албански јазик. Препевот е на Јетон Калеменди, а делото го издаде издавачката куќа „Ива Богдани“ од Приштина, Косово.

Сашо Огненовски е автор е на пет поетски збирки: „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“(2014), „Пустински цвет“ (2015), „Шума“ (2018) и „Менување на минатото“ (2019). Автор е и на книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011),

романот „Сивиот плоштад“ и книгата со драми „Тврдина“ (2016). Неговите детски пиеси под заеднички наслов „Волшебен компас“ (2017) се издадени на спски јазик, додека неговата пиеса „Тврдина“ на англиски јазик.

Преведувал поезија и проза од англиски, српски и бугарски јазик, а неговите книги се исто така преведувани на српски, англиски и арапски јазик. За својата поезија е добитник на интернационални награди, меѓу кои и годишната награда на Сојузот на преведувачи од Црна Гора.

Пишува и осврти, рецензии и критики за литература, театар и филм. Неговите песни и раскази се објавувани во многу антологии на англиски, узбечки, српски, арапски, албански и полски јазик, како и во книжевните списанија: „Современост“, „Културен живот“, „Раст“, „Современи дијалози“, „Книжевни елементи“, „Книжевни преглед“, „Културен живот“, „Фемида“, „Екерман“, а неговите осврти и есеи од областа на книжевноста, театарот и филмот на порталите kritika.mkpulse.rssinhro.rs.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска