Пандемијата го одложи прославувањето на Светскиот ден на хармониката

Од:

Во 2009 година Светската Унија на хармоникашите (Confédération Internationale des Accordéonistes (CIA) Member of the International Music Council (IMC) одлучи 6-ти мај да го прогласи за светски ден на хармониката. Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој пред 191 година, во 1829 година, за прв пат е патентиран инструментот.

Македонското здружение на хармоникашите “Љубители на класичната музика” Скопје, кое е членка на Светската Унија на хармоникашите од 2001 година, беше еден од иницијаторите за воспоставување на меѓународениот проект „6-ти мај Светски ден на хармониката“ и одбележувањето на роденденот на инструментот хармоника.

Здружението по овој повод секоја година, почнувајќи од 2009 година, организира Свечен Концерт. На концертот настапуваат реномирани уметници од земјата, како и ученици и студенти од класата на Проф. Зорица Каракутовска.

Оваа манифестација во нашата земја прерасна во еден од значајните музички настани за класична музика.

Последниве години Концертот е поддржан преку националната годишна програма за култура на Министерството за култура.

Оваа година поради пандемијата и одложувањето на сите културни настани периодов Свечениот Концерт по повод светскиот ден на хармониката нема да се одржи во редовниот термин. Истиот ќе биде реализиран кога ќе се створат услови за тоа.

Би можело да ве интересира

Концерт по повод Светскиот ден на хармониката

Ана Ололовска

Концерт по повод Светкиот ден на хармониката

Ана Ололовска

Свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката

Наум Локоски