Кога би ја освоил титулата на Мастерсот во Монте Карло, Надал ќе запише нова страна во историјата на тенисот.
Шпанецот „ја брка“ дветата титула во Монте Карло и доколку ја освои ќе биде првиот тенисер на кого тоа му успеало во опен ерата.
Засега првата позиција ја дели со Гилермо Виљас, кој осум пати триумфирал на турнирот во Буенос Аирес.
Надал ги освојуваше титулите во Монте Карло во изминатите осум години, а изгуби само еднаш, во 2003-та, во осминафиналето од Гилермо Корија.
„Не можеш секогаш да победуваш. Подготвен сум и на тоа дека работите можеби нема да одат така добро како претходните години“, рече Надал.
Шпанецот е слободен во првото коло, а во второто ќе се сретне со подобриот од дуелот Маринко Матошевиќ и Фернандо Вердаско.
Минатата година тој во финалето го победи Новак Ѓоковиќ во два сета 6-3, 6-1.