Златни рипки за осамените гости во „Happy Guest Hotel“ во Англија

Од:

Хотелот „Happy Guest Hotel“ во Англија во својата понуда за гостите има и изнајмување златни рипки, кои треба да им прават друштво во текот на престојот и на тој начин да ги направат посреќни.

Гостите на хотелот во местото Ворингтон, во Англија, по цена од пет фунти, можат да изнајмат златна рипка, чие име, сосема разбирливо, е „Хепи“ и која со аквариумот во текот на престојот ќе биде сместена во нивната соба.

Барањето „весел“ пријател туристите го пополнуваат на Интернет, сосема исто како и кога се резервира доручек или ручек.

Сопственикот на хотелот, Џеф Рајли, верува дека златните рипки со своето „весело“ име, заради нивниот ведар дух, можат на гостите да им понудат „безусловна љубав и среќа“.

-Многу гости заради својата работа доста време минуваат далеку од својот дом и можат да бидат осамени, но по напорниот ден нашата „Хепи“ може да им помогне да се чувствуваат подобро, вели Рајли.

„За жал, тие не можат да зборуваат со нашите гости, но нивната ведрина и удирање со перките во аквариумот може да го имаат истиот ефект како кога со некого ќе си позборувате по напорниот работен ден“, додава Рајли.

Тој веќе има во план да го зголеми бројот на златни рипки кои ќе им ги нуди на гостите.

-Кога еднаш ќе се дружат со рипките, сигуран сум дека поторно ќе го бараат нивното друштво, смета иницијативниот угостител.

„Happy Guest Hotel“ на Џон Рајли тврди дека нуди добро сместување во својот објект и се гордее со тоа што не е дел од нискобуџетниот синџир угостителски објекти.

На сајтот „TripAdvisor“ има 46 оценки „одличен“, 15 „многу добар“, два „просечен“ и ниту една лоша оценка.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ