(ВИДЕО) Николов: Власта го намалува бројот на тестови со цел манипулации и дневнополитички пресметки

Од:

„Дојдени сме во фаза на епидемијата со корона кога секојдневно се соочуваме со човечки трагедии. Борбата со вирусот ниту е предвидлива, ниту е лесна, а бара систематски и организиран пристап.

За да знаеме точно со што се соочуваме и каков и колкав ни е противникот, потребно е да имаме што повеќе тестирани граѓани. Особено потребно е да се тестираат ризичните групи, а тука спаѓаат и лекарите и здравствените работници.

Деновиве сме сведоци дека власта го намалува бројот на тестови и тестирани граѓани, а со самото тоа го намалува и бројот на новодијагностицирани пациенти. Постојат болници во кои поголем број од персоналот е позитивен на корона, но и покрај тоа не се тестира целокупниот персонал на лекари и здравствени работници. Која е целта? Како тогаш ќе застанеме и ќе ја знаеме вистинската епидемиолошка состојба“, прашува Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како ќе можат да се предлагаат мерки и постапки за борба со епидемијата, мерки кои ќе дадат резултат?

Се поставува прашањето дали тие болници се извор на зараза? Дали персоналот е извор на зараза или можеби закана за граѓаните?

И додека сите соседни земји го зголемуваат бројот на дневно реализирани тестови, кај нас власта никако да сфати дека тестирањето не смее да се користи за манипулација и дневнополитички пресметки. Тестирањето е од јавен интерес.

Апелираме и бараме уште еднаш, тестирањето за корона да биде на увид на стручно тело, потребен е сериозен пристап, потребно е професионално да се вклучат сите надлежни институции, потребно е да се престане да се манипулира на граѓаните.

Потребно е Венко Филипче да престане да манипулира и да почне да работи“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски