Еден од водечките британски универзитети ја криткуваше денеска медиумската куќа Би-Би-СИ, бидејќи организирала студентско патување во Северна Кореја, со цел тајно да сними документарен филм и на тој начин студентите, кои не знаеле за вистинската цел на патување, ги изложила на опасност.
Лондонската школа за екомонија соопшти дека тројца новинари на Би-Би-Си, вклучувајќи го и угледниот известувач Џон Свини, кој е нејзин поранешен студент, ги придружувале студентите на патувањето во Северна Кореја кон крајот на март, преправајќи дека се туристи, само за да снимат филм за оваа затворена држава.
На студентите им е кажано дека со нив ќе оди и еден новинар, но не и дека целта е да се сними филм за документарниот ТВ серијал „Панорама“.
Универзитетот побара од Би-Би-Сид а го повлече документарецот, кој треба да се емитува утре, но медиумската куќа одби да го стори тоа.
– Студентите се предупредени на потенцијалните ризици поради патувањето во Северна Кореја со новинари во нивната група. Предупредени се и на опасноста од апсење и оти можеби нема да им биде дозволено повторно да патуваат во Северна Кореја, се наведува во веб страницата на Би-Би-Си.
Директорот на угледниот универзитет Крег Келхун истакнува дека тоа не било официјално патување на оваа школа, туку дека го организирале лица, кои не се студенти и Би-Би-Си и оти на тој начин угледот на универзитетот е сериозно загрозен и секоја идна студентска посета на Северна Кореја и други земји е доведена под знак прашање.